Писателот Џорџ Р. Р. Мартин повторно се огласи и рече дека е среќен што серијата „Игра на троновите“, која е базирана на неговите книги од серијалот „Песна за мраз и оган“, конечно заврши.
Познатиот писател призна дека пишувањето на сценариото за популарната серија го забавило завршувањето на овој серијал, кој би требало да се вика „Ветрови на зимата“.
Тој во интервју за „Опсервер“ признава дека серијата не била добра за него.
- Наместо да ме забрза да ги завршам книгите, всушност, ме забави. Секој ден пишував. Но се чувствував ужасно затоа што секој ден си помислував: „Боже, морам да ја завршам и книгата“. Напишав само четири страници наместо 40 - изјави писателот.
Осмата и последна епизода од популарната серија беше емитувана во мај. Последните неколку епизоди добија голем број негативни коментари, а фановите и потпишаа петиција за снимање нова сезона.
Но,
Мартин вели дека воопшто не ги земал предвид коментарите и дека луѓето треба да се остават да имаат свои теории.
- Се оддалечував од тие приказни. Некои теории на фановите се добри, но други се сосема грешни. Секако, ќе дознаат кога ќе ја завршам книгата - објаснува тој.