X
 25.04.2015 Образование

Кажете и' "Збогум" на нервозата пред испит

Се наближуваат колоквиумите и испитите! Нервозни сте? Не сте единствените.


Нервозата пред испит или било каков тест е неверојатно чест феномен низ целиот свет, не само овде. Тој е поттикнат од повеќе стравови: страв од непознатото, страв дека сте неподготвени и страв дека сè зависи од тој испит.

Овие стравови може да бидат совладани на повеќе начини. Во видеото подолу се наведени барем 13.

За почеток, треба да го искористите доброто од стресот. Да, верувале или не, стресот има добри страни бидејќи ни помага да работиме подобро, но треба да се научиме да го искористиме, наместо да дозволиме да нè совлада.

Потоа, треба да ги совладате споменатите стравови. Може да замислите дека тестот ви е познат за да го совладате стравот од непознато. Замислете дека разговарате со пријател. Доколку мислите дека тоа не функционира за вас, обидете се да ги создадете истите услови претходно.

За да го совладате стравот од неподготвеност, едноставно, бидете подготвени. Додека се нервирате за испитот веројатно можевте да учите, не?

Конечно, не очекувајте совршеност. Иако секогаш се надевате на најдоброто, самите ссфаќате дека сте задоволни и со помалку од совршеното на крајот. Така, совршеноста не е ниту потребна за да се положи испитот. Затоа, не грижете се доколку не знаете некое прашање. Решете ги оние кои ги знаете.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование