X
 13.01.2016 Наука

Човечко-животински хибриди ќе ги спасуваат нашите животи

Приближно 123.000 луѓе се на листа на чекање за да добијат орган само во САД. За да се задоволи побарувачката за црн дроб, срце и други органи, некои научници експериментираат со нивно растење во телото на животни со додавање човечки матични клетки во ембрионите на овците или свињите.


Таквите човечко-животински хибриди се нешто ново и не се знае многу што може да се случи кога човековите клетки растат во животински ембриони. Најголемата грижа на научниците е можното размножување на матичните клетки и можноста тие да имаат мешани карактеристики. Овие карактеристики може да влијаат на физичките, но и менталните способности, пишуваат „Technology review“.

Покрај сета контроверзност, некои лаборатории напредуваат со истражувањата.

Како успеваат во тоа?

Едноставно кажано, научниците вметнуваат човечки матични клетки во ембрионите на дадени животни, како свињи и овци, и чекаат клетките да пораснат во потребниот орган, што потоа би бил изваден и искористен за трансплатација.

Досега, научниците создале најмалку 20 такви ембриони.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука