X
 21.03.2023 Живот

Во Шпанија не смеете да оставите куче без надзор повеќе од 24 часа

Шпанскиот конгрес неодамна одобри контроверзен закон за благосостојба и права на животните. Според него, домашните миленици и животни лишени од слобода имаат право да бидат третирани како „свесни суштества“.

Некои видови кучиња се исклучени од ова правило, како кучињата за лов, овчарските и полициските кучиња. Според законот, кучињата не смеат да останат без надзор повеќе од 24 часа, а мачките повеќе од три дена бидејќи тоа се смета за сурово, а отсега и нелегално.

Шпанија бара од сопствениците на домашни миленици да ги осигурат животните. Суровоста кон животните ќе се казнува со најмногу 200.000 евра или затвор. Доколку сопственик малтретира домашен миленик, животното ќе му биде одземено.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот