Германската канцеларка Ангела Меркел е можеби најмоќната жена на денешницата и луѓето често забораваат дека и таа е обичен човек. Така, многумина не ни знаат дека Меркел дипломирала физика, а докторирала квантна хемија или, пак, дека додека студирала работела и како бармен.
1. Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, додека презимето Меркел го зела од првиот сопруг.
2. Германците ја викаат „Мама“.
3. Додека студирала, Меркел работела како барменка на студентски диско-забави.
4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемите им пристапува од научен, аналитички агол.
5. Откако се развела од првиот сопруг, живеела под кирија во илегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот 30-ти роденден татко ѝ дошол да ја посети и разочарано ѝ кажал: „Не си дотуркала многу далеку!“
6. Ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, отишла во сауна, потоа малку прошетала и испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да се одмори бидејќи утредента бил работен ден. Сите други во Германија биле во екстаза што траела до зори.
7. Нејзиниот сопруг Јоахим Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Не сака публицитет, па дури не се појави ни на нејзината инаугурација во 2005 година. Сака опера и прошетки, а се вози со евтини авионски летови дури и кога му е дозволено да патува со Ангела во службените авиони. Поради неговиот интерес за операта, Германците го викаат „Фантомот од операта“.
8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи од сливи и често може да се види како купува намирници во супермаркет. Има обичај секое утро да му прави појадок на својот сопруг.
9. Се зборува дека живее во изнајмен стан со својот сопруг, професор по квантна физика, и дека обожава да прави чорба од компири.
10. Во 1995 година ја каснало куче и оттогаш многу се плаши од кучиња. Се зборува дека Путин за време на службените посети на Меркел често ја запознавал со неговите домашни миленици, кучињата.
11. Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални за да честита победа. Се зборува дека за време на една таква изненадна посета случајно го видела Бастијан Швајнштајгер гол.
12. Во последните месеци е забележана изразено лошата здравствена состојба на Ангела Меркел. При службени посети канцеларката беше забележана како се тресе прилично долго. Германците се сомневаат дека Ангела има рани знаци на
Алцхајмерова болест или дека станува збор за алкохолизам.