Барањата на Данска за имигрантот да стане државјанин се прилично типични на законите за имиграција низ светот: апликантот мора да има легален престој до девет години, да го положи тестот за дански јазик, да не е осудуван за сериозен криминал, да биде финансиски самостоен и да го има положено тестот за данска политика, историја и општество.
Сега, Данска додава уште еден услов на таа листа - за повеќето луѓе е нешто многу лесно: новиот граѓанин ќе мора да се ракува со лицето на кое му дава заклетва за државјанство. Но, нешто толку едноставно се претвора во прашање на верска слобода. Многу дански граѓани се имигранти и бегалци претежно од муслимански нации. А гестот што Данците го гледаат како знак за заемна почит, за муслиманите е полн со деликатни сексуални обичаи.
Фото: AFP
Муслиманите веруваат дека телесниот контакт помеѓу половите треба да биде резервиран за членовите на најблиското семејство. Мажите и жените надвор од тој круг обично не се поздравуваат.
- Како муслиманка, дел од верата значи дека треба да носам хиџаб и не треба да се ракувам или да прегрнувам некој од спротивниот пол - пишува Хана Јафар во „Медиум“.
Но, данскиот парламент во четвртокот го усвои законот со кој сите имигранти ќе мора да се ракуваат за време на официјалната церемонија за натурализација. Ако не го направат тоа, ќе покажат дека не се целосно интегрирани во данското општество.
- Кога доаѓате во Данска, каде што е вообичаено да се ракувате кога се поздравувате со некој, ако не го направите тоа, се смета за непочитување. Ако некој не може да направи нешто толку едноставно, тогаш нема причина да стане дански државјанин - вели Мартин Хенриксен, пратеник кој го критикува исламот.
Мартин се надева дека законот, кој стапи во сила од 1 јануари, ќе биде проследен со забрана за муслиманките да носат хиџаб на церемониите за државјанство.
Но, неколку дански градоначалници, кои ја извршуваат церемонијата, го критикуваат новиот закон, кој исто така забранува носење ракавици, како чисто симболичен и ирелевантен за квалификациите на апликантот.
- Тоа е против мојата идеологија и моето
убедување дека треба да ги принудам другите луѓе да имаат телесен контакт - вели Томас Андресен, градоначалник на Абенра.