X
 19.08.2021 Политика

Кои држави досега изјавиле дека ќе примат бегалци од Авганистан?

Водачите на талибанците се подготвуваат официјално да ја преземат контролата врз Авганистан. Притоа, тие ветуваат амнестија за сите и ги охрабруваат жените да им се вратат на своите работни места, но жителите се исплашени.

Повеќемина стравуваат дека ќе бидат заробени или убиени бидејќи им помогнале на САД и сојузниците. Затоа, многу жители се принудени да ги напуштат домовите и државата. Каде ќе одат овие бегалци?

САД изјавиле дека може да доделат до 80.000 визи за мигранти наменети за жителите што ѝ помогнале на државата. Наскоро, околу 30.000 Авганистанци ќе бидат однесени во САД, а дел од нив привремено ќе бидат удомени во Тексас.

Досега најмалку 6.000 луѓе избегале од земјата, а повеќето се во земјите од Блискиот Исток и планираат да го продолжат патувањето кон западните земји.

Обединетото Кралство планира да земе 20.000 бегалци од Авганистан. Оваа држава испратила 900 трупи за да ги вратат илјадниците жители на Обединетото Кралство што се во Авганистан. Во меѓувреме, африканската држава Уганда изјавила дека ќе прими 2.000 бегалци.


Фото: Pixabay

Канада планира да прими 20.000 бегалци од Авганистан. Албанија изјавила дека ќе прими стотици бегалци чија крајна дестинација се западните држави. Таџикистан планира да прими 10.000 бегалци, а Иран ќе им понуди привремен престој на бегалците во провинциите што се граничат со Авганистан.

Катар планира да прими 8.000 бегалци, а Индија размислува за примање бегалци од религиозните малцинства во Авганистан.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека Франција, Германија и други ЕУ-земји ќе направат план за спречување нелегална миграција.

Нашата земја планира да прими околу 450 цивили од Авганистан.

Извор: The Week
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика