X
 18.11.2016 Живот

Oд каде идејата на Трамп за протерување на имигрантите?

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп својата политика ја засновал на обезбедување на јужните граници на Америка и прогонувањето на сите имигранти со нелегален престој во Америка. Неговиот план е во првите 100 дена да го започне најмасовното прогонување на нелегални имигранти во целата американска историја.

 

1


Протерувањето на толкав број бегалци - помеѓу два и три милиони - може да делува логистички неизводливо, но вакви слични операции биле изведувани и претходно. И за тоа Трамп знае многу добро.

За време на изборите во рамките на Републиканската партија, тој во еден говор ја спомена операцијата наречена „Wetback“ на некогашниот претседател Двајт Ајзенхауер кој во текот на 1954 година депортирал околу 1.1 милион илегалци.

Операцијата „Wetback“ не подразбирала само примена на законите за имиграција туку и кампањата „сеење страв“ насочена кон бегалците: главната цел била да се направи јасна разлика помеѓу Американците и оние кои не биле Американци.

Операцијата била започната во моменти кога започнале да попуштаат расистичките темели на американската имиграциска политика. Две години претходно (1952), биле изменети имиграциските закони - целта била „да се биде бел“ да не биде легитимен предуслов за добивање на правото на престој или државјанство.

На тој начин „Wetback“ стана јасен одраз за отпор на американскиот народ и американските служби на оваа промена.

Година дена подоцна, комесарот на имиграциската служба, Аргаљ Меки се пожалил дека оваа операција била најсериозниот проблем кој го има оваа служба. Првите мексикански гости пристигнале легално во Америка како евтина работна рака преку програмата „бракерос“ во текот на Втората светска војна, односно серијата закони и дипломатски договори кои им даваат дозволи на Мексиканците да работат на фармите во Америка. Меки објаснил дека кога во Мексико пристигнал извештајот за добро платената работа во Америка, „капката станува поплава“ и „секој работник во земјоделието кој е легално примен, уапсени се уште четири илегалци“.

Вилард Кели, помошник комесар на граничната патрола додава дека ниту една земја не претрпела таква голема инвазија во време на мир.

Затоа службата за имиграција во 1954 година ја започнала операцијата „Wetback“.

Најмоќните агенти на оваа операција не биле од граничната патрола, туку во прес службата. Операцијата на почетокот била конципирана како кампања за односи со јавноста од таков карактер што денес би ја сместиле во формат на реалити телевизија. Инаку, омилениот на Трамп.

Измешани со тимовите на граничните патроли низ Тексас и Калифорнија кои спроведувале рации, новинарите пишувале приказни за професионализмот кој ненадејно ги посетува фармите, индустриските фабрики и компании.

Големите весници континуирано спроведувале пропаганда и го бележеле успехот на службата за имиграција и ги прославувале јавно. Постојано се прикажувале фотографии од полицајци спремни за поход и поробени бегалци кои марширале до граничните премини како и полни автобуси.

Лидерот на мексиканскиот синдикат ја опишал депортацијата на бегалците како „превезување добиток“. Во една прилика, близу калифорниската граница, 88 депортирани илегалци починале од изложеност на висока температура. А останатите, биле сместени на бродови во Тексас и испратени во Мексико.

Ефикасноста на операцијата „Wetback“ во точна бројка и натаму е непозната. Службата за имиграција објави депортација на 1.1 милион имигранти само во 1954 година. Сепак, многу биле депортирани дури и пред почетокот на кампањата, а некои биле уапсени неколку пати дневно. Година дена подоцна, службата за имиграција објавила дека таканаречениот „wetback“ проблем повеќе не постои.

Во 1955 година биле депортирани помалку од 250.000 имигранти. Во официјалната статистика јужната граница била безбедна благодарение на напорите во текот на 1954 и 1955 годин. Официјалните претставници си честитале себеси затоа што спречиле „инвазија“.

Сепак, ни официјалниот крај на „бракеро“ програмата во 1964 година не донел значајни промени во потрагата по американска работна сила во земјоделието. Фармите се механизирале наместо да вработуваат работници. Непријавените работници, како остатокот од американската работна сила започнале да се селат од фармите во градовите и во годините после операциите „Wetback“ и „бракеро“. Имигрантите кои нелегално престојувале во земјата добиле друга улога во американската економија, како што добиваат и денес.

Таргетирањето на толку голема работна сила денес негативно би се одразило не само на оние кои би се депортирале туку и на основното функционирање на американската економија. Колку и да се чини „успешна“ операцијата „Wetback“, оваа кампања на теророт сама негативно се одразила на животот во Америка, особено удирајќи на малите бизниси.

Доколку започне масовна депортација, како што вети Трамп, граѓанскиот статус на сите Латиноамериканци ќе биде засекогаш доведен во прашање; ќе бидат приморани на дневно ниво да покажат државјанство за да не бидат казнети и депортирани. Ќе живеат во отровна атмосфера под постојан сомнеж, а сите служби за имиграциски прашања неизбежно ќе прават трагични грешки.

Враќањето во добата на операцијата „Wetback“ ќе значи враќање на Америка во која не владее законот туку теророт.

Американската економија нема да просперира доколку се прогонат оние најранливите, а масовната депортација нема да ги зачува работните места на Американците. Она што неизбежно ќе се случи е цртање на расни граници меѓу граѓаните.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот