Стотици години геолозите сметале дека денешното британско копно било формирано од судирот на две антички копнени маси, Авалонија и Лаурентија.
Сега ново истражување посочува дека бил вклучен и трет континент - Арморика, што денес го сочинува северозападниот дел на Франција.
Наодите презентирани од тимот од Универзитетот „Плајмут“ во Велика Британија покажуваат дека границата меѓу копнените маси Авалонија и Арморика, формирани пред многу векови, не е под англискиот канал меѓу Англија и Франција. Наместо тоа, се пресекува низ англиските окрузи Девон и Корнвол.
- Ова е сосема нов начин на размислување за тоа како била формирана Велика Британија - вели Арјан Дијкстра, еден од истражувачите.
Фото: Unsplash
- Нашите наоди покажуваат дека иако на површината не постои физичка линија, постои јасна геолошка граница што ги одделува Корнвал и јужен Девон од остатокот од Велика Британија.
Документациите од камењата под оваа граница одговараат со примероците од Арморика во Франција, додека составот на карпите над границата е поблиску со остатокот од Англија.
Биле проучени 22 различни локации во Девон и Корнвол, сите изложени на геолошки промени, како што биле подземните вулкански ерупции пред околу милион години.
Кога биле споредени со примероци земени од остатокот од Европа и Британија, границата меѓу двата типа камења станала јасна. Овие древни судири се случиле пред околу 400 милиони години, пред да се формира и распадне суперконтинентот Пангеа, а границите на копното и океаните во светот почнале да изгледаат повеќе како денешните. Формирањето на британските острови и потоа Пангеа било утврдено со поместување на тектонските плочи во текот на милиони години, предизвикувајќи некои копнени маси да се судираат, а други да се распаѓаат.
Фото: Plymouth University
- Отсекогаш знаевме дека пред околу 10.000 години луѓето можеле да пешачат од Англија до Франција. Но, нашите наоди покажуваат дека милион години пред тоа поврзаноста меѓу овие две земји била уште посилна. Тоа го објаснува огромното минерално богатство на Југозападна Англија, што претходно било нешто мистериозно. Ова дава фасцинантен нов увид во
геолошката историја на Велика Британија - вели Дијкстра.