X
 23.11.2016 Наука

Астрономи пронашле планета на која годината трае 9 дена

Астрономи од институтот за астрономија на Канарските острови откриле карпеста планета оддалечена од земјата околу 32 светлосни години.


Егзопланетата поради својата големина влегла во колоквијална категорија – суперземја. Всушност се претпоставува дека нејзината маса е 5,4 пати поголема од Земјата, кружи околу црвеното џуџе ГЈ 536, а годината таму трае само 9 дена.

Планетата која е наречена ГЈ 536 во моментов е единствената откриена во потенцијално поголемиот систем, иако не се наоѓа во зона на оптимален развој на животот. Научниците се надеваат дека нејзините соседи, чие постоење допрва треба да биде потврдено, да бидат во значително подобра позиција.

„Карпестите планети често се наоѓаат во групи, особено околу ѕвездите од овој тип, така што сме сигурни дека ќе наидеме на планети кои се оддалечени од своето сонце и чија година трае најмалку 100 дена па и до неколку земски години“, рекол истражувачот Алехандро Суарез Маскарењо.

Астрономите се надеваат дека околу ѕвездите „ГЈ 536“ ќе се најде сличен на „Траписту 1“ кој во својот состав има три карпести планети во зона погодни за развој на животот.

Всушност , „ГЈ536“ е преблизу до својата ѕвезда за животот каков што го  познаваме да би можел да се развие, додека таканаречената златокоса зона се наоѓа од нејзината орбита.  
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука