Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд.
Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 19 до 30 степени.
Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени. УВ индекс 5.
Во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Минималните температури од 8 до 19 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 20 односно до 31 степен.
Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Минималните температури од 8 до 19 степени, а максималните дневни до 22 односно до 32 степени.
Weather4all.com.mk