Метеорскиот дожд „Лириди“ ќе го достигне својот врв овој викенд. Совршено небо би било небо без месечина, кога ќе се забележат светлите метеори видливи во период од неколку секунди.
Вториот метеорски дожд во 2023 година по јануарските „Квадрантиди“, се очекува да го достигне врвот в сабота, 22 април, како и в недела, 23 април. Во тоа време Лира, соѕвездието од кое се чини дека потекнуваат „Лиридите“, ќе биде највисоко на ноќното небо од Европа и Африка.
Како и да е, без оглед на тоа каде се наоѓате, ќе можете да ги забележите метеорите веднаш по зајдисонце в сабота, а за да се ориентирате, барајте ја тенката полумесечина која се наоѓа веднаш под светлата планета Венера, на запад.
За време на врвот на овој метеорски дожд се очекуваат околу 18 ѕвезди што паѓаат на час, секоја со брзина од 47 километри во секунда. „Лиридите“ првпат биле забележани пред речиси 2.700 години. Според НАСА, метеорскиот дожд првпат бил забележан од кинеските набљудувачи во 687 година пр.н.е.
Метеорскиот дожд „Лириди“ е предизвикан од остатоците од кометата Тачер. Самата комета не се очекува да биде повторно видлива од Земјата сѐ до 2276 година.
Извор:
Livescience.com
Фото: NASA/JSC/D. Pettit