X
 19.01.2016 Култура

Животни лекции од најголемиот математички генијалец

Доколку би се дружеле со необичниот и единствен научник Пол Ердос, веројатно би ве разбудил среде ноќ за да решавате математички проблеми.


Познатиот математичар до својата смрт во 1996 година бил активен и во секоја смисла ги следел животните принципи до крајот. Тој сакал да споделува со другите за секој да може да постигне најмногу што може. Најголемите животни лекции кои ни ги оставил се:

Ако сакаш да бидеш најдобар, ти требаат часови работа

Никогаш немојте да стоите. Работете и работете. Ердос на 70-годишна возраст издал повеќе трудови од математичарите за цел живот. Тој објавил приближно 1.500 научни трудови во својот живот. Тој постојано размислувал за проблемите и запишувал можно реченија. Успешните луѓе не се фокусираат само на вистинското решение. Поважно е да се фокусирате на вистинскиот проблем.

Соработката е од витално значење

Ердос знаел многу луѓе. Постои податок дека за своите трудови соработувал со дури 485 научници. Неговите современици тврдат дека тој сакал да соработува и лично да се увери во квалитетот на некои луѓе. Еднаш, тој му дал 1.000 долари на студент да се запише на „Харвард“ само затоа што се уверил дека е генијалец. Години подоцна, тој не сакал да ги прими назад парите и му рекол на дипломецот со тие пари да го стори истото што го направил тој.

Пронајдете ја својата страст

Пол Ердос многу добро знаел што сака и ја следел својата страст. Страста која ја чувствувал кон математиката и бројките била незапирлива. Тој патувал многу, живеел на четири континенти во потрага по математички проблеми и научни соработници. Желбата за работата од Ердос направиле еден од најголемите математичари во светот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура