Тони Милун е дефинитивно најпознатиот математичар во Хрватска и досега им помогнал на илјадници ученици и студенти да го совладаат материјалот.
Тој им ја доближува математиката на младите преку социјалните мрежи и моментално не постои нешто што Милун не го објаснил во јутјуб-видео.
Сепак, кога Милун бил средношколец во Природно-математичката гимназија во Сплит, имал тројка по математика.
- Во текот на целото средно образование просекот ми беше помеѓу 3,5 и 4,0. Во прва година средно имав тројка по математика, а до крајот едвај успеав да станам многу добар. Мојата професорка Ивана Милановиќ многу бараше - вели Милун.
- Ми требаше цела година да се навикнам на толку високо ниво. Потоа на крајот од втора година добив петка и до крајот на средното образование добивав петки. Поради Ивана Милановиќ, станав професор по математика - додава тој.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube