X
 09.06.2016 Култура

Како живее најголемиот математичар на денешницата?

Следната недела, најголемиот математичар на денешницата, Григориј Перелман, ќе го прослави 50-от роденден. Меѓутоа, апсолутно никој на светот не се надева дека Перелман ќе излезе во јавноста или дека од својот роденден ќе направи гозба за медиумите бидејќи тој човек живее речиси како аскет.


Светот слушна за Перелман во 2003 година, кога повеќе светски универзитети го признаа неговото решеније на Поинкареовата претпоставка, математичката задача која не можела да биде решена од никого 99 години.

Григориј успеал да ја реши задачата, но ја одбил наградата од милион долари која му следувала. Тој објаснил дека за решението е еднакво заслужен и американскиот математичар Ричард Хамилтон. Три години подоцна, тој одбил да се појави на доделувањето на Филдсовиот медал од Меѓународната математичка унија. Се работи за „нобеловата награда“ за математичарите.

Перелман, повторно, објаснил дека наградата ја одбил бидејќи не бил задоволен од односот на светското здружение на математичари. Тој живее скромно. Не сака автомобили, живее во станот со пријател во Русија. Не ја крати косата, не се бричи, не ги сече ноктите.

Некои од митовите за него велат дека живее во станот на својата мајка во Санкт Петербург. Во еден момент, руските медиуми се обиделе да направат позната личност од него, но тоа довело само до тоа тој да се изолира на период.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура