Кажи ми што досега си прочитал/а, а јас ќе ти кажам кој/а си, бидејќи разгледувањето на нечија библиотека е најдобриот начин да ги запознаеш. За писател, отворањето кон светот е уште поважно бидејќи е суштината на нивната креативна работа.
Можеби затоа толку многу писатели создаваат листи на книги кои ги сметаат за највлијателни. Ви нудиме таква листа од Габриел Гарсија Маркез, за кои вели дека овие книги кај него предизвикале голема имагинација и го формирале обликот на неговиот креативен ум.
„The metamorphosis“, Френц Кафка - „Кога завршив со читање на оваа книга, почувствував неодолива желба да живеам во тој рај. Тој период си пронајдов машина која ми ја позајми еден пријател, со надеж дека ќе напишам нешто што би го променило пишувањето на Кафка. Во следните денови, не одев на универзитет бидејќи се плашев магијата да не исчезне“.
„The Magic Mountain“, Томас Ман
„The Man in the Iron Mask“, Александар Дима
„The Sound and the Fury“, Вилијам Фокнер
„Аs I lay dying“, Вилијам Фокнер
„Wild palms“, Вилијам Фокнер - „Голем дел од она што се чини педантно или херметичко за мене беше откриено со застрашувачка убавина и едноставност.
„The Aleph and Other Stories“, Хорхе Луис Борхес
„The Collected Stories“, Ернес Хемингвеј
„Point Counter Point“, Алдус Хуксли
„Oedipus Rex“, Софокле = „Оваа книга за мене се покажа уште при првото читање дека е совршенство“.
„The House of the Seven Gables“, Натаниел Хортон - „Книга која го обележа мојот живот“.
„Uncle Tom's Cabin“, Хариет Бичер Стоу
„Моby Dick“, Херман Мелвил
„Синови и љубовници“, Дејвид Херберт Лоренс
„Тhe Arabian Nights: Tale from a Thousand and One Nights“ - „Дури и се осмелив да помислам дека чудата раскажани од Шехерзада нвистина се случиле во секојдневниот живот од нејзино време, и престанале да се случуваат поради недовербата и кукавичлукот на следните генерации“.
„Of Mice and Men“, Џон Штејнбек
„Тhe Grapse of Wrath“, Џон Штејнбек
„Tobacco Road“, Ерскин Колдвел
„Stories“, Кетрин Менсфилд
„Manhattan Transfer“, Џон Дос Пасос
„Mrs.Dalloway“, Вирџинија Вулф - Маркез пишува дека ја научил шпанската верзија од оваа книга напамет. Откако ја прочитал за прв пат, тој отишол дома како човек што го открил светот.
„Orlando“, Вирџинија Вулф
„Portrait of Jennie“, Роберт Натан
„Ulysses“, Џејмс Џојс - „Книгата не само што беше откритие на вистински свет кој никогаш не помислив дека постои во мене, туку исто така обезбеди нерпоценлива техничка помош за мене во ослободување н јазикот и справување со времето и структурите во моите книги“.