Мобилни телефони во човеково тело, 3д-принтер за органи, облека и очила поврзани со интернет - ова се работите кои до 2025 година би можеле да станат научни факти. Светот влегува во ера на развиена роботика и вештачка интелигенција, порачуваат експертите анкетирани на Светскиот економски форум во Давос.
Речиси половина од експертите очекуваат машините со вештачка интелигенција во наредната деценија да седат во одборите на корпорациите благодарејќи на таканаречената „четвртта индустриска револуција“, пренесува „
Ројтерс“.
По водената пареа, масовното производство и информатичките технологии, следува нова индустриска револуција, која според експертите, ќе донесе уште побрз циклус иновации, но и ќе постави големи предизвици пред компаниите, работниците, владите и општеството.
Добрата страна на револуцијата би можеле да бидат поевтините производи и услуги, што би предизвикало нов економски раст. Од друга страна, најголемата закана на новата револуција е масовната невработеност и сè поголема разлика меѓу корпорациите и населението.
„Како резултат ба четврттата индустриска револуција ќе биде создаден економски суфицит. Меѓутоа, прашање е како тој ќе биде рамномерно расподелен меѓу државите, луѓето во различните економски слоеви и различните делови од светот“, вели генералниот директор на „Мајкрософт“, Стајна Надела.