X
 29.07.2026 Живот

Сопственикот на компанијата „Нвидија“ вели дека ова е факултетот на иднината

Која е таа „професија на иднината“ за која се верува дека ќе биде многу исплатлива? Извршниот директор на компанијата „Нвидија“, Џенсен Хуанг, вели дека кога би бил денес студент, би се фокусирал на природните науки.

При неодамнешната посета на Пекинг еден новинар го прашал на што би се фокусирал кога би бил студент, на што познатиот милијардер вели дека би ги избрал природните науки.

- Тој млад дваесетгодишен Џенсен, кој штотуку го завршил школувањето, веројатно попрво би ги избрал природните науки отколку софтверските науки - рече тој додавајќи дека дипломирал на 20 години.

Природните науки, за разлика од биолошките, се широка област што се фокусира на проучување на неживите системи, вклучувајќи ги физиката, хемијата, астрономијата и науките за Земјата.

Хуанг дипломирал електротехника на Универзитетот „Орегон Стејт“ во 1984 година, а потоа во 1992 година магистрирал електротехника на „Стенфорд“.

Нешто подоцна, во април 1993 година, Хуанг заедно со инженерите Крис Малаховски и Кертис Прим ја основал компанијата „Нвидија“ за време на еден оброк во ресторан во Сан Хозе, Калифорнија. Додека Хуанг бил извршен директор, производителот на чипови стана највредната компанија во светот.

„Нвидија“ неодамна стана првата компанија во светот што достигна пазарна капитализација од четири трилиони долари.

Иако Хуанг не објасни зошто вели дека денес би студирал природни науки, тој е многу оптимистичен во врска со „физичката вештачка интелигенција“, односно она што го нарекува „следниот бран“.

За време на последните петнаесетина години, светот помина низ повеќе фази на развој на вештачката интелигенција, објасни тој во април на еден форум во Вашингтон.

- Модерната вештачка интелигенција навистина стана свесна пред некои 12 до 14 години, кога се појави „Алекснет“ и дојде до огромен пробив во компјутерскиот вид - рече Хуанг на форумот.

„Алекснет“ е компјутерски модел претставен на натпревар во 2012 година кој ја демонстрираше способноста на машините да препознаваат слики со користење длабоко учење, што го поттикна модерниот бум на вештачката интелигенција.

Овој прв бран Хуанг го нарекува „перцептивна вештачка интелигенција“.

Потоа дојде вториот бран наречен „генеративна вештачка интелигенција“, во кој моделот на вештачка интелигенција научи да го разбира значењето на информациите, но и да ги преведува на различни јазици, слики, код и друго.

- Сега сме во ера која ја нарекуваме „вештачка интелигенција на резонирање“ каде што вештачката интелигенција може да разбере, да генерира, да решава проблеми и да препознава услови што никогаш порано не сме ги виделе - рече тој.

Вештачката интелигенција во својата моментална состојба може да решава проблеми користејќи резонирање. Агентите на вештачката интелигенција се всушност „дигитални роботски работници“ способни за резонирање, додаде тој. Денес, агентите на вештачката интелигенција се главен фокус на многу технолошки компании како што се „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“.

Дали физиката е професија на иднината?

Гледајќи нанапред, следниот бран е физичка вештачка интелигенција, вели Хуанг.

- Следниот бран бара од нас да ги разбереме работите како што се законите на физиката, триењето, инерцијата, причината и последицата. А кога таа физичка вештачка интелигенција ќе ја ставите во физички објект што се нарекува робот, добивате роботика. Ова сега е многу, многу важно за нас бидејќи градиме погони и фабрики низ САД. Се надевам дека во наредните 10 години, како што ќе ја развиваме оваа нова генерација на погони и фабрики, тие ќе бидат високо роботски и ќе ни помогнат да се избориме со сериозниот недостиг на работна сила што го имаме во светот - рече тој.

Извор: Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот