Новото јадење, кое во „McDonald's“ е најавено како иновативно и единствено, ќе доживее премиера во Јапонија, а мислењето на јавноста е поделено. И нормално дека е, со оглед на тоа што станува збор за помфрит со чоколаден прелив.
Зошто баш Јапонците ќе имаат можност први да го пробаат ова јадење? „CNN“ тврди дека веројатно затоа што продажбата во Азија паднла откако Кина ја погоди скандалот со болеста која се раширила од „McDonald's“ во 2014 година.
Секако, реакциите на оваа новост се поделени, па некои се радуваат на овие слатки компирчиња, додека други не можат да сфатат од каде оваа „паметна“ идеја.
Помфритот, кој ќе биде послужуван со млечно или бело чоколадо, во Јапонија ќе се појави на 26 јануари и ќе биде достапен само одредено време. Доколку се покаже како успеше, оваа слатко-солена комбинација може да се појави и во другите земји.