X
 04.06.2020 Здравје

Ковид-19: 120 нови случаи, за една недела двојно повеќе заболени

Нови 120 случаи на пациенти заболени од Ковид-19, двајца починати и 16 оздравени во последните 24 часа се регистрирани на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Направени се 953 тестирања. Ова се регистрираните по градови:

- Скопје - 67
- Куманово - 19
- Штип - 16
- Прилеп - 4
- Тетово - 9
- Велес - 2
- Гостивар - 1
- Неготино - 1
- Струмица - 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 Септември“ починал пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Ова се оздравените, по градови: во Скопје - 8, Штип - 3, Прилеп – 2 и по еден во Тетово, Велес и во Битола. Досега во земјава се направени вкупно 33.114 тестирања за Ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, од кои 1.621 пациент оздравеле, починале 147, а во моментов болни се 843 пациенти.

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје