X
 30.01.2016 Технологија

Воздигнувањето на Тим Кук, најмоќниот извршен директор во светот

Во август 2011 година, Тим Кук ја презеде позицијата како извршен директор на „Apple“, оставајќи ги сите зачудени. Многумина се прашуваа дали ќе успее да ја продолжи работата на неговиот ментор, Стив Џобс. Денес, компанијата е највредна компанија во светот, а производите како ајфонот продолжуваат да владеат со пазарот. Како Кук стигна до овде?


 Тимоти Доналд Кук бил роден во Мобил, Алабама, на 1 ноември во 1960 година. Неговиот татко бил работник на бродови, а мајка му работела во аптека.


Во 1982 година, Кук дипломирал од универзитетот „Auburn“ со диплома во индустриско инженерство. Веднаш по дипломирањето започнал да работи во ИБМ. Тој подоцна ќе стане директор за северно-американскиот пазар.


Во 1996 година, тој добил погрешна дијагноза за склероза, што направило целосно различно да го гледа светот. Од тогаш, тој е хуманитарец и филантроп. По 12 години, тој ја напуштил ИБМ и работел во компанија „Intelligent electronics“. Во 1997 година, тој станал потпретседател во „Compaq“.

Во меѓувреме, Стив Џобс добивал моќ како извршен директор на „Apple“. Тој барал свежи луѓе во својот тим. Џобс му се обратил на Кук и Кук потпишал договор за работа на меѓународните соработки.


Една од првите најголеми промени на Кук била затворањето на фабриките на компанијата и нивно заменување со други производители, со што уредите би можеле да се произведуваат во поголемо количество и побрзо.

Започнувајќи во 2005, Кук направил инвестиции кои ќе бидат основа за иднината на компанијата. Благодарејќи на менаџерските вештини на Кук, тој започнал да напредува во компанијата.


„Apple“ започнала да расте и заработува, а Кук имал голема улога во тоа. Како што растело неговото влијание, Кук станувал познат по долгите состаноци, испраќањето пораки во секое време и безмилосност кога станува збор за професионалната работа.


Во 2007, „Apple“ го претстави ајфонот, уред кој ќе смени сè. Истата година, Кук напредувал на позицијата главен операциски директор, а вработените изјавуваат дека тој бил одговорен за речиси сите одлуки во компанијата.


Во 2009 година, Кук стана привремен извршен директор кога Стив Џобс ја напушти позицијата поради болест. Стив Џобс имаше рак на панкреасот, а во 2009, Кук му понудил дел од својот црн дроб бидејќи делат ретка крвна група, но Џобс одбил.


Во 2011, Кук застанал на местото извршен директор кога Џобс ја напуштил работата засекогаш.

Денес, „Apple“ е највредна компанија во светот, со вредност од 523 милијарди долари. Кук има проценета вредност од 400 милиони долари.


Во март 2015, Кук објави дека сака да го донира своето богатство во хуманитарни цели.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија