За разлика од другите крадци, професионалниот крадец или џепчија Аполо Робинс, својата практика на крадење ја користи само на сцената.
Во минатото Аполо Робинс успеал да и` го украде вереничкиот прстен на Џенифер Гарнер и пари од кошаркарот Чарлс Баркли и многу други активности на крадење. Но, како го прави сето тоа? Пракса, пракса, и само пракса, како и огромна хипер внимателност во однос на управување на вниманието на „жртвата“, со цел моментално да се пренасочи кон најзгодниот момент.
Очигледно е дека тој доста вложува во емоционалните и когнитивните компоненти. Во неговиот ТЕД говор во врска со уметноста на погрешното насочува, тој раскажува како преку проучување на аикдиото, криминалната историја и психологијата на убедување тој успева во неговите дела. Тој знае дека треба да ги натера неговите жртви да навлезат во нивните сеќавања, и тоа е најдобриот начин за привремено да ги „разоружи“ нивните надворешни аларми. Неогвата лежерност, и спонтаноста е начин на кој тој ја придобива довербата кај неговите жртви.
Гледајте ги неговите раце, иако нема да видите многу и покрај тоа што тој објаснува неколку трикови.