Луѓето честопати веруваат дека местото кое ги опкружува може да открие за каков тип на човек станува збор; чистиот простор значи дека една личност е паметна, додека неуредниот простор покажува дека една личност е мрзелива.
Но, истражувања покажуваат дека колку е вашата соба понеуредна, толку сте покреативни.
Некои од најголемите пронаоѓачи, режисери, писатели и музичари имале неуредни простори каде работеле.
Креативноста успева во
неуредни средини бидејќи овие видови на соби им овозможуваат на креаторите да пронајдат врски со работите кои никогаш не би ги поврзале претходно. Можеби белешката на вашата маса напишана пред три месеци од саканата личност ќе ве инспирира за следната песна. Можеби валканата кошула на вашето столче ќе ве инспирира да ја пуштите машината за алишта.
Значи, следниот пат кога некој ќе ве критикува дека сте неуредни и дека треба да си ја исчистите собата, кажете им дека креативните брилијантни умови како Марк Твен, Салвадор Дали и Алберт Ајнштајн никогаш не ја чистеле својата соба, а отсекогаш се сметале за генијалци.
Мислите дека Моцарт имал време да ги бара исти чорапи? Не! Тој работел деноноќно на неговите ремек дела. Во продолжение ви нудиме интерактивно видео кое покажува кои познати луѓе никогаш не средувале.