X
 26.06.2021 Живот

Видео што го покажува растењето на вулканот Света Елена во период од 4 години

Познатата ерупција на вулканот Света Елена во 1980 година беше најсмртоносниот и најскапиот вулкански настан во историјата на САД.

Во 2004 година почна „градењето“ на нова ерупција што траеше 4 години. За таа цел, била поставена камера, насочена кон вулканот за да го сними растот како тајмлепс.

Геолошкиот институт на САД го објави видеото што трае 86 секунди, кое открива колку брзо растела куполата на лавата кај активниот стратовулкан во државата Вашингтон помеѓу 10 ноември 2004 година и 28 февруари 2008 година - 4 години собрани во помалку од една минута и пол.

- Почетната фаза произведе брз раст на вулканската купола кога магмата се туркаше нагоре. Како што е прикажано на видеото, врвот на лавата порасна речиси 500 метри во должина пред да се распадне - пишува Геолошкиот институт на САД.

Во текот на четирите години прикажани во тајмлепс-видеото, огромни 125 милиони кубни јарди лава избиле од кратерот и ја формирале новата купола.

Во најголемата ерупција на Света Елена што се случи пред четири децении, загинале 57 лица, вклучувајќи го и фотографот Роберт Ландсберг, која ја фотографирал ерупцијата колку што можел подолго, а потоа починал. Неговите фотографии биле објавени во јануари 1981 година во „Нешнл џиографик“.

По 40 години редовна вулканска активност, геолозите прогласија дека ерупцијата е завршена во јули 2008 година, кога не биле откриени нови докази за ерупција во текот на претходните 5 месеци.

Света Елена продолжува да биде популарна дестинација за планинарите и покрај фактот што експертите предвидуваат деструктивни идни ерупции поради натрупаноста на притисокот создадена од вулканската купола.

Извор: Petapixel.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот