X
 11.02.2016 Живот

Како телото не` издава додека лажеме?

Ејми Кади е експерт за говорот на телото. Во нејзиниот најпопуларен говор на ТЕД-конференција, таа ни покажува на кој начин нашето лице и тело нè издаваат кога лажеме. Според анкета спроведена на 2.520 возрасни во 63 земји, 70% од луѓето сметаат дека лажговците не го задржуваат контактот со очите кога лажат.


Меѓутоа, Кади вели дека не постои еден клучен показател кој ја издава личноста која лаже. Судењето на искреноста на една личност не е за препознавање само една работа, туку колку добро или лошо соработуваат начините на комуникација меѓу соговорниците. Тука се вклучени и изразите на лицето, поставеноста на телото, движењето, гласот и говорот.

Кога луѓето не се искрени, невербалните и вербалните изрази престануваат да си одговараат меѓусебно, односно изразите не одговараат на зборовите кои се искажуваат; поставеноста на телото не е синхронизирана со гласот; не постои хармонија помеѓу изразите на личноста.

Оваа идеја не е ниту нова. Дарвин рекол дека „човек кој е вознемирен, па дури и малку лут, може да ги контролира движењата на телото, но мускулите на лицето кои се помалку послушни на волјата понекогаш се дозволни за да издадат мала или привремена емоција“.

Кога луѓето лажат, тие размислуваат за повеќе работи: што знаат дека е вистина, што сакаат да биде вистина, што претставуваат како вистина и сите емоции кои доаѓаат со нив - страв, лутина, грижа, надеж, вина. Истовремено, тие се обидуваат да претстават реална слика од себеси, што одеднаш станува многу тешко. Нивните верувања и чувства се во меѓусебен конфликт. Луѓето, едноставно, немаат доволно моќ за да успеат во сите овие работи истовремено.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот