Во 2008 година Џејсм Дуан, професор по право на Универзитетот Регент им одржал предавање на своите студенти кое станало популарно на интернет, а сега повторно е откриено од фановите на хит серијата „Making a murderer“.
Голем дел од предавањето на Дуан е доста важно со оглед на врската помеѓу полицијата и осомничените (невините и оние другите) во серијата. Меѓутоа постои само еден дел од предавањето кое навистина има одлична цел. На околу 18-та минута од лекцијата, Дуен ги прашува
своите студенти едноставно прашање за криминалот кој претходно го опишал.
Одговорот на неговиот клас на квизот покажува колку е лесно да се направат лажни изјави и да се изгради верзија на настаните која е погрешна, дури и ако веруваш дека си ја кажал вистината.