X
 13.02.2016 Технологија

"Google" вработува професионалци од областа на производството

Технолошкиот гигант „Google“ има објавено голем број огласи за работни места за неговиот најнов проект „Google X“ со акцент во областа на производството.

 

гугл


За компанија која инсистира дека нема да создава свои автомобили, огласите за работа се однесуваат за самото производство. На пример, должностите за сите оние кои сакаат да аплицираат за позицијата инженер се „дизајнирање, оптимизирање и автоматизирање на критичните процеси на производство како и одобрување на дизајни користени за електронски модули за автономен автомобил“.

Друг оглас за маркетинг менаџер бара од неговите кандидати да ја обликуваат стратегијата за пазарот и со приказна да ги освојат срцата и умовите на членовите на заедницата и владата. Со ова се покажува дека „Google“ сака да ја креира приказната за автономните автомобили и наративно и психолошки.

Другите работни позиции кои влегуваат во плановите на „Google“ вклучуваат механички инженер за глобално снабдување како и инженер за производство на квалитетот. Јасно е дека „Google“ размислува за обезбедување на квалитетот на производството како и глобално снабдување.

Прашањето е: дали навистина „Google“ ќе започне со целосно производство на овие автономни автомобили? 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија