X
 15.12.2018 Технологија

Најлошите лозинки за 2018 година

Дали научивте нешто од многубројните хакирања и протекувања на информации?

Очигледно не.

Компанијата за управување со лозинки „Сплеш дата“ ја објави својата годишна листа со 100. најлоши лозинки за 2018 година врз основа на 5 милиони протечени лозинки на интернет.

Најлошите лозинки и понатаму се „123456“ и „password“.

Сега на листата се појавуваат и зборови како „donald“, кој се најде на 23. место, веројатно инспириран од претседателот Доналд Трамп.

Погледнете ги 25. најкористени лозинки и најмалку безбедни лозинки за 2018 година и видете дали вашата се најде на листата.

лозинка

1. 123456
2. password
3. 123456789
4. 12345678
5. 12345
6. 111111
7. 1234567
8. sunshine
9. qwerty
10. iloveyou
11. princess
12. admin
13. welcome
14. 666666
15. abc123
16. football
17. 123123
18. monkey
19. 654321
20. !@#$%^&*
21. charlie
22. aa123456
23. donald
24. password1
25. qwerty123

„Сплеш дата“ ви препорачува:

1. Користете лозинки со дванаесет или повеќе знаци со мешани карактери.

2. Користете различна лозинка за различни профили. На тој начин, ако хакерот добива пристап до една од вашите лозинки, нема да може да ја искористи за пристап до другите профили.

3. Заштитете ги вашите средства и личен идентитет со користење менаџер за организирање лозинки за да генерирате случајни и безбедни лозинки и автоматски да се најавите на веб-страниците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија