X
 09.02.2016 Технологија

Во оваа држава IT професионалците не плаќаат данок

1

 

Со жестока конкуренција за привлекување на инвеститори како и задржување на локалниот талент, некои земји се обидуваат да понудат иницијативи за корпорациите да работат токму кај нив, но истото важи и за IT професионалците.


Ова е вообичаена практика во земјите од Централна и Источна Европа со која ги поттикнуваат мултинационалните технолошки компании да отворат продавници, особено во недоволно развиените области, користејќи стимулации и субвенции. Сепак, некои земји вложуваат доста поголем напор - особено Романија, кадешто IT професионалците се ослободени од данок на приход од 2001 година.

Нормално, романските работници треба да платат 16% данок за своите приходи. Додека оваа стапка е пониска во споредба од останатиот дел на Европа, економијата на Романија страдаше од еден од најбруталните комунистички режими во повоена Европа, и земјата се`уште е една од најсиромашните во Европа. Таа е втората најсиромашна членка во Европската унија, а нејзината просечна месечна бруто плата е околу 500 евра.

Меѓутоа, работите се и тоа како различни во IT секторот - во ова поле платите можат да достигнат  2.000 па дури и 4.000 евра месечно. Тоа ги става работниците во Романија на повисоко место од нејзиниот главен ривал, Полска, и во близина на Чешка и Русија.

После Полска, Романија често се нарекува како најветувачката локација во регионот за технологија. Според Рамона Јурубита, заменик шефот за даночни услуги, во IT секторот се вработени околу 90.000 луѓе.

Вкупните приходи од страна на компаниите за производство на софтвер и IT услуги во Романија се зголеми за 14% во 2015 година, вели истражувањето објавено од „ANIS“. Приходите остварени од страна на софтверските и IT услугите на локалниот пазар изнесуваат околу 930 милиони евра, што претставува 35% од прометот во секторот. Сегментите кои генерираат поголем дел од овие приходи се јавната администрација (30%), индустријата (17%) и банкарството (14%)).

„Главниот извор на раст на домашниот софтвер и IT услугите се технолошките инвестиции во приватниот сектор. Тоа е единствената шанса овој сегмент да ја зголеми конкурентноста, особено за малите и средните претпријатија“, вели Валерица Драгомир, извршен директор на „ANIS“.

Истражување за состојбата на романската IT индустрија направено од „ARIES Transilvania“ открива дека постојат 14.000 IT компании во Романија. Приближно 50% од нив се со седиште во Букурешт и Клуж-Напока.

„IT секторот ќе продолжи да ја поддржува романската економија и ќе биде главниот работодавец“, вели Воицу Опреан, претседател на „ARIES Transilvania“.

„Анализата на платите во Букурешт покажуваат дека „Java“ девелопер може да заработи бруто плата од 900 до 2.400 евра, во зависност од возраста“, вели Оана Ботолан Датки, партнер за управување во „Consulteam“.

Меѓу работните места врз кои може да се примени даночно олеснување се администратор на база на податоци, аналитичар, системски инженер во компјутерска наука, инженер на софтверски систем, IT проект менаџер, програмер, системски дизајнер и системски програмер. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија