IQ тест што содржи само три прашања. Сепак, ова не значи дека тестот е лесен. „Тестот за когнитивно размислување“ е најкраткиот тест за интелигенција, а секое прашање во него е дизајнирано за да ги процени вашите способности да идентификувате едноставен проблем што може да е потежок отколку што изгледа.
Не само што експертите тврдат дека точните одговори откриваат дека личноста е гениј, туку и временската рамка во која го решавате тестот.
Еве ги прашањата:
1. Палка и топче чинат 1,10 долар заедно. Палката е за 1,00 долар поскапа од топчето. Колку чини топчето?
2. Ако на 5 машини им се потребни 5 минути за да направат 5 додатоци, колку време би им биле потребни на 100 машини да направат 100 додатоци?
3. Во едно езереце, се наоѓа мало место со водни лилии. Секој ден местото двојно се зголемува.
Ако се потребни 48 дена за местото да го покрие целото езеро, колку време ќе му биде потребно на местото да покрие половина езеро?
Одговори:
1. Топката ќе чини 5 центи. Ако палката чини 1 долар повеќе од топката, тогаш треба да размислувате подлабоко.
За да добиете сума од 1,10 центи, топката мора да биде 5 центи - а палката чини 1,05 долари.
2. Би биле потребни 5 минути за да се направат 100 додатоци. 5 машини можат да направат 5 додатоци во 5 минути. Ова значи дека една машина ќе направи додаток за 5 минути.
Со тоа, 100 машини можат да направат 100 додатоци за 5 минути.
3. Би биле потребни 47 дена за половина езеро да биде покриено со водни лилии.
Местото со лилии ја зголемува големината секој ден и се шири нанапред исто како што се шири наназад.
Ова значи дека на 47-от ден, денот пред да биде
покриено целото езеро, ќе биде покриено половина.