Министерството за надворешни работи на Исланд соопшти дека на позицијата советник е именуван Гаути Геирсон, студент по менаџмент на исландскиот универзитет во Рејкјавик.
Министерот за надворешни работи на Исланд, Гунар Браги Свенсон за свој советник поставил 22-годишен студент, јавува „Anadolu Agency“. Имено, новиот советник на министерот, Гаути Геирсон, студира менаџмент на универзитет во Рејкјавик.
Се наведува дека младиот советник ќе ги извршува обврските како советник и истовремено ќе продолжи со студиите.
Во соопштението се додава дека Геирсон има значително работно искуство кое го добил во текот на патувањата и работата на бродови. Студентот изјавил дека е среќен што има можност да биде советник на шефот за дипломатија на својата земја.
- Ова за мене беше баш убаво изненадување и едвај чекам да одговорам на предизвикот - изјавува студентот.
Тој додава и дека во текот на работата во министерството ќе биде глас на младите во владата на Исланд.