X
 10.03.2022 Живот

Зошто Исланд секоја година расте за неколку сантиметри?

Кога би слушнале дека Исланд расте, веројатно ќе помислите дека расте економски или дека населението расте од година на година. Но, дали би помислиле дека овој остров расте во својата маса?

Неговата површина е околу 100.000 квадратни километри, што ја прави слична на Јужна Кореја, Куба и Унгарија. Но, за разлика од нив, Исланд секоја година се проширува за околу пет квадратни сантиметри.

Зошто овој остров расте и дали тоа значи дека еден ден ќе ја „замине“ Велика Британија и со тоа ќе стане најголемиот остров во Европа (моментално на второто место)? И не баш. Како што расте, така се „распушта“ на рабовите, еродирајќи со приближно исто темпо.

Тоа е област која спаѓа во категоријата на најмладата копнена маса на Земјата и област на некои од најактивните вулкани. Во просек, ерупциите се случуваат на секои четири години, а веројатно сите можеме да се потсетиме на големите вулкански ерупции во Гелдингадалир што се случија пред само два месеца. Тоа беше придружено со илјадници земјотреси, а целиот свет внимателно ја следеше ситуацијата.

остров
Фото: Freepik

Исланд се наоѓа во областа каде што се спојуваат евроазиската и американската тектонска плоча. Тој е дел од Средноатлантскиот гребен кој - иако претежно „подводен“ - овде се издига над морското ниво и поминува низ националниот парк Пингвелир. Раседна долина, т.е. пукнатина е местото каде што се спојуваат две тектонски плочи и каде што магмата еруптира како лава, создавајќи нова океанска кора. Ова е причината за исландската експанзија.

Колку подрачјето околу Исланд потсетува на лонец кој постојано врие, покажува и Суртеси, вулканско островче создадено од вулканска ерупција во 1963 година. „Раѓањето“ траело до 1967 година, кога била забележана последната ерупција, а островот достигнал површина од речиси 3 квадратни километри. Подоцна, под влијание на ветерот и брановите, се намалил, така што денес е двојно помал. Се нарекува најмладиот остров во светот, а во 2008 година е вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот