Кристен Подулка е Американка која две години живеела во Данска со своето семејство. За тоа време воочила дека некои особини на данските родители може да бидат пример за сите кои сакаат да донесат повеќе среќа и задоволство во своето воспитување. Земете предвид дека според истражувањата Данците се сметаат за најсреќна нација во светот.
Родителите мора да дишат за да дишат и децата
Во Данска има правило според кое децата одат во градинка и државата го плаќа тоа. Така што, родителите имаат време и простор само за себе и работата.
Заборавете на родителските стравови
Во Данска не постои презаштитување на децата. Во поголемиот дел од данските училишта постои простор за палење оган за децата да печат леб, а во училниците горат свеќи и никој не паничи поради тоа. Данците редовно ги изложуваат децата на опасности, вели Кристен.
Нема избор
Данците не веруваат премногу во можноста за избор, туку го сметаат за збунувачки и непотребен. Не само што секој ден децата пакуваат ист оброк, туку и родителите секој ден пакуваат иста ужина - паштета на леб, моркови и јаболки.
Семејството е на прво место
Во Данска никој не останува во канцеларија по 16:00 часот. Сите истовремено заминуваат по децата, па дома на заедничка подготовка на вечера. За нив, најголемо задоволство претставува седењето и разговорот со семејството и пријателите. Данците создаваат таква атмосфера речиси секоја вечер.