Децата полесно учат низ игра, кога наставата е интересна, низ дружење. Таа, пак, може да биде во фабрика, во природа, во некој голем двор, со родителите во некој дом, додека се сечка, меси, пече... Одделенската наставничка Мица Митева од основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци ги користи искуството од 31-годишниот работен стаж и креативноста, па не само што креира нови игри преку кои учат нејзините ученици, туку и во нив ги вклучува родителите, стручните лица од различни области...Родителите се задоволни и предлагаат идеи за следна дружба, а учениците освен што учат низ игра, стануваат и поблиски.