X
 20.02.2016 Технологија

Зошто ги учам затворениците да кодираат?

Крис Редлиц го опишува проектот „Code:7370 San Quentin“ - програма за рехабилитација на затворениците преку учење како да кодираат.

 

zatvorenici


Пред 6 години, за прв пат влегов во државниот затвор Сан Квентин. Никогаш не сум бил во затвор претходно, особено не во затвор со толку лоша репутација како Сан Квентин.

Кога стигнав, бев одведен во главниот двор. Од мојата лева страна се наоѓаше центарот за приспособување во кој беа сместени затворениците со смртна казна, некои од најозогласените криминалци во Калифорнија.

Од мојата десна страна беше Католичката капела, опкружена со прекрасна градина. Како што велат во Сан Квентин, се наоѓав помеѓу рајот и пеколот.

Чуварите ме одведоа до друг двор, кадешто стотици мажи во сино вежбаа, играа шах и други активности. Искрено, во тој момент, започнав да се сомневам во одлуката зошто сум таму.

Ме одведоа во мала училница кадешто требаше да зборувам со група мажи за бизнис и претприемништо. Кога го започнав мојот говор, забележав дека мажите внимателно го следеа секој мој збор. Не постоеше ништо што им го одвлекуваше вниманието. Нема мобилни телефони во затвор.

 

zatvorenici


Кога завршив со говорот, нивните раце се најдоа во воздухот. Мојот 30 минутен говор се претвори во двочасовна дискусија. Овие луѓе беа подготвени, мотивирани и посветени на учење за да создадат подобар живот откако ќе ја отслужат нивната казна во затвор.

Ова не беше профил на социјални соодветни лица со кој очекував да се сретнам.

Затворот го напуштив возбуден. Низ годините работа, јас имав можност да соработувам со одлични претприемачи во Силиконската долина. Дали би можел да го направам истото и за овие луѓе кои се во затвор? Возбуден, на мојата сопруга и` го соопштив планот кој го развив.

Нејзината прва рекација беше: „Не си го трошам времето во затвор“.

Ја замолив да има отворен ум пред да донесе било каква пресуда. Ја замолив да ми помогне во истражувањето за затворите во Америка и да го посети Сан Квентин за да се запознае со мажите кои ги запознав јас.

Она што го научив за проблемите со кои се соочува затворскиот систем денес беше шокантно:

- Од 1972 година до 2010 година, бројот на луѓе во затворите во Америка се зголеми за 700%.

- 25% од населението во затворите низ светот се наоѓа во Америка.

- Во Калифорнија, се трошат повеќе пари за затвори отколку за високо образование.

- 47.000 долари се потребни за да се држи еден затвореник во затвор во Калифорнија, и тоа само за една година.

- Повеќе од 67% од државните затвореници ослободени во 2005 година биле уапсени во следните 3 години.

Ако го намалиме рецидивизмот за само 5%, можат да се спасат милијарди долари во текот на следните 10 години. Но, без рехабилитација овие проблеми ќе продолжат да постојат.

Во 2010 година, во партнерство со калифорнискиот Оддел за корекции и рехабилитација и органите за затворска индустрија на Калифорнија, создадовме шест месечна програма за бизнис и претприемништво наречена „Тhe last mile“. Работиме со затвореници кои извршиле голем број кривични дела, а некои од нив се и насилни. (Не работиме со оние кои се на смртна казна или оние кои направиле злосторство врз деца).

Ги замоливме луѓето да создадат бизнис околу нивната лична страст, и ги научивме како да изградат еден бизнис план. На еден од часовите, Џејмс Хјустон создаден непрофитен бизнис план кој позитивно влијае врз младите во неговата стара населба. Џејмс создаде „Teen Tech Hub“, воннаставна програма во која се учи развивање на апликации и основите на кодирање за деца од 10 до 14 години. Откако Џејмс одлежа 18 години затвор, тој се врати во Ричмонд, Калифорнија за да го реализира својот сон. Тој беше вработен од самиот град и планира да го лансира неговиот проект оваа есен.

Во 2014 година, ние го започнавме „Code.7370 San Quentin“, првата наставна програма за компјутерско програмирање во американски затвор. Резултатите беа извонредни. Некои од нашите дипломирани студенти ќе бидат пуштени оваа година, а ние сме уверени дека ќе бидат вработени како софтверски инженери. Со напорна работа и решителност, овие мажи ќе ги надминат сериозните пречки и ќе создадат позитивен пат за својата иднина.

Оваа програма ќе биде воведена во уште пет затвори во Калифорнија оваа година, вклучувајќи и два затвори за жени. Се надеваме дека ќе создадеме национална програма во следните 10 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија