X
 21.02.2016 Култура

Зошто Боинг авионите започнуваат и завршуваат со бројот 7?

Тука е класичниот 747, помалиот 737 и од неодамна 787 Dreamliner. Не заборавајте на 757, 767 и 777.

 

боинг


Дали некогаш сте се запрашале зошто бројот 7 се појавува во сите модели на Боинг авионите? Дали постои одреден метод за ова нумерирање?

Се чини, да. И според Боинг, ова е едно од најчестите прашања кое им го поставуваат, а причината за користењето на бројот 7 не е затоа што имаат афинитети кон него.

Вистината е всушност еден од најголемите маркетиншки предлози на сите времиња.

Боинг не секогаш го користела овој број - всушност, на почетокот имињата на авионот биле Модел 40, Модел 80, Модел 247 итн.

После Втората светска војна, компанијата беше трансформирана и на секој оддел му беше даден три-цифрен број. Тогаш работите станале поинтересни.

 

1


Историчарот Мајкл Ломбард вели: „За поддршка на оваа диверзификациска стратегија, одделот за инженерство ги подели броевите на моделите во блокови од 100 за секоја нова област на производство: 300 и 400 продолжија да ги претставуваат авионите, 500 беа турбините, 600 за ракетите и проектилите и 700 останаа резервирани за транспортерните авиони.

Објавуваќи го името Модел 700, не било баш добар маркетинг, па затоа одделот за маркетинг на компанијата го предложила името 707. И започнала шемата - 727, 737 итн која продолжува и до ден денес со најновите Боинг 787 модели.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура