X
 23.03.2022 Живот

Колку несреќи со „боинг 737“ имало од 2000 година досега?

Безбедноста во комерцијалното летање со авион се подобрила од почетокот на 20 век. Но, за жал, и денес повремено се случуваат авионски несреќи, а последната се случи во неделата кога „боинг“ со 133 патници се урна во Кина.

Станува збор за авион „боинг 737-800“ кој бил стар шест години. Овој модел е еден од најчесто користените патнички авиони во историјата и не е истиот модел како двата авиона што се срушија во 2018 и 2019 поради грешки во дизајнот.

Авионот бил на „Чајна истрн“, една од најголемите авиокомпании во Кина. Според кинеските медиуми, авионската агенција „Чајна истрн“ престанала да лета со „боинг 737-800“ по несреќата.


Фото: Pixabay

Претходната авионска несреќа во Кина се случила во 2010 година, кога се срушил авион „ембраер Е-190“ со 96 патници поради лоша видливост. Во несреќата загинаа 44 животи.

Колку авионски несреќи со „боинг 737“ имало од 2000?

Авионите „боинг 737“ првпат почнале да се користат во 1967 година, а од 2000 година бројот на авионски несреќи со овие авиони се намалил. Во првата деценија од 21 век имало вкупно 31 несреќа со авиони од моделите „боинг 737“, а само во четири од нив немало жртви.

Во следната деценија имало 20 несреќи, од кои во осум немало жртви. Последната несреќа во Кина е осма со авион „боинг 737“ од 2020 година. Од овие осум само во една несреќа немало жртви.

Кога станува збор за авионите генерално, според податоци од Меѓународната асоцијација за авионски превоз, имало една фатална несреќа на секои 4,2 милиони лета во 2018 година.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот