X
 23.02.2016 Образование

Како да напишеш добра семинарска која ќе се издвои од останатите?

Пишувањето семинарски трудови е задолжително на некои факултети во земјава, а дипломскиот труд е задолжителен речиси на сите високообразовни установи овде. Совладувањето на техниките за добро пишување и аргументирање е битно за студентите поради ова. За вашиот труд да се издвои од останатите, следете ги следните чекори.


Аргументирајте го ставот

Секој труд е воден од некоја идеја или некој интерес кој треба да се изнесе и одбрани. За да успеете во тоа, потребно е да побарате научи и библиографски референци кои ќе ги поддржат вашите ставови. За почеток, запишете неколку свои идеи кои сакате да ги изнесете во текстот и за секоја од нив најдете неколку референци кои ќе ги искористите за нивна одбрана. Доколку го уверите професорот во тоа што го пишувате се наоѓате на добар пат.

Прилагодете се на очекувањата на професорот

Мора да бидете флексибилни во обликувањето и формата. Секој професор има свој стил и ќе бара различни работи. Битно е да соберете доволно информации за тоа што очекува секој професор а потоа да се фрлите на пишување за да имате доволно време за поправање. Секако, проверувајте го правописот бидејќи треба да биде беспрекорен. Кога професорот ќе ви даде коментар и сугестија, слушајте го/ја.


Прочитајте го трудот повеќепати за грешки

Еден од наједноставните начини на кои трудот може да се издвои од останатите е да биде совршен, без грешка. За да се потрудите вашиот труд да биде совршен, прочитајте го повеќепати на повеќе начини. Доколку можете, замолете некој да го прочита за вас.

Критикувајте некоја идеја или теза

Ако навистина сакате да се издвоите, критикувајте или обидете се да нападнете нешто за што сте слушнале или дискутирале на предавање. Со тоа ќе го заинтересирате професорот и ќе покажете дека не се плашите од критичко размислување. Сепак, важно е критиката да биде поддржана и соодветно аргументирана.


Исфрлете ги непотребните зборови и збогатете го вокабуларот

Многу студенти користат само зборови за да пополнат место. Обидете се на крајот на тестот да завршите со цитат со кој ќе ја зацврстите тезата наместо да пишувате заклучок во кој ќе се повторувате.

Разговарајте со професорот

Ако и понатаму се сомневате и не знаете дали да додадете нешто, зборувајте со професорот на консултации и прашајте го што очекува од вашиот труд, на што треба да обрнете внимание итн.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование