X
 23.02.2016 Наука

Зошто смеењето е заразно?

За да разбереме дали некој е среќен, ние несвесно го имитираме нивниот израз на лицето, предизвикувајќи спомени на сопствена радост. Ова е заклучок од ново истражување спроведено на универзитет во Висконсин, САД.


Пола Нидентал и Едриен Вуд, психолози од Висконсин кои работеле на истражувањето, велат дека оваа постака се случува во било која ситуација во која доаѓа до читање на туѓото лице. По таквото читање, ние суптилно и несвесно го „пробуваме“ тој израз и до разбирање на емоционалното значење доаѓа за само десетина секунди.

Ова ја објаснува и „заразата“ со смеа, со тоа што смеењето е заразно бидејќи секого го потсетува на работи кои им се смешни. Проблемите се појавуваат ако способноста за имитација е намалена или ако е отежната перцепцијата на туѓите лица.

Нидентал и Вуд откриле дека кај различни појави кои го отежнуваат фацијалносто изразување, како што се парализа на лицето или оштетување на нерви по пластична операција, доаѓа и до проблем со емпатијата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука