X
 13.01.2022 Наука

Не се смеат само луѓето, облик на смеење бил препознаен кај над 65 вида животни

Сите што поседуваат домашни миленици знаат дека животните сакаат да играат, но се чини дека смеењето е нешто што го прават само луѓето и можеби неколку други животни. Меѓутоа, научниците забележале смеа кај најмалку 65 вида животни, според напис од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

На листата со животни кои се смеат се видови примати, домашни крави и кучиња, лисици и фоки, како и три вида птици, меѓу кои и папагали и австралиски страчки.

Според професорите од универзитетот, луѓето генерално не умеат да го препознаат смеењето кај животните. Глувците, на пример, додека се смеат, испуштаат звуци кои не може да ги слушне човекот. Од друга страна, смеењето на шимпанзата е послично на човечкото смеење, иако има разлики.

Пред само неколку години научниците мислеле дека само мајмуните и стаорците може да се смеат, освен луѓето. Научниците знаеле дека стаорците се смеат по тоа што ги скокоткале, а ваков експеримент може да се види во видеото во продолжение.


Извор: Open Culture
Фото: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука