X
 26.02.2022 Живот

Смеењето и плачењето може да бидат поефикасни од антидепресивите

Смеата и солзите се дел од нашиот живот. Иако научниците не ги знаат точните механизми на овие реакции, согласни се дека  даваат природно емоционално и биолошко „ресетирање“.

Физичкиот чин на плачење или смеење ги активира енергетските центри, но и респираторните и стомачните мускули и дијафрагмата. Научниците од клиниката „Мејо“ објаснуваат дека тогаш доаѓа до зголемено вдишување кислород, подобра циркулација и намалување на крвниот притисок.

Се поттикнува и повисоко ниво на активност на клетките кои се борат против болести и се поттикнуваат позитивни мисли. Според некои истражувања, смеењето и плачењето може да бидат поефикасни и од антидепресивите, пишува „Еклиника“. Солзите го ослободуваат телото од хемикалии кои го подигнуваат нивото на хормонот на стрес.

Докторот Џуријан Хјугс, кој е учител на јога, објаснува дека плачењето и смеењето како симболи на емоционално ослободување може да ги срушат енергетските блокади што ги имаме.


Фото: Pixabay

- Постои и физиолошко објаснување за честото катарзично искуство низ кое поминуваме за време на интензивното смеење или плачење. Двата процеса ни даваат низа предности, од зајакнување на клетките кои се важни за имунитетот до „поплава“ од хормонот на задоволство и среќа. Вежбите со смеење и плачење се начин за луѓето да се отворат, подобро и послободно да се изразат, а тоа ги подразбира и физичките чинови на плачење, смеење или исфрлање гнев - вели Хјугс.

Во Јапонија од 2013 започнал тренд во кој жителите одат на третман за поттикнување плачење. Јапонците се меѓу народите што најмалку плачат, а во третманите учесниците гледаат видео кое поттикнува на плачење. Истражување покажало дека овој вид активност позитивно влијае врз психо-физичкиот статус на учесниците.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот