Како преку испраќање на SMS пораки родителите можат да им помогнат на своите деца да ги надминат проблемите со јазикот?
Како што покажуваат истражувањата, постојат големи разлики во усвојувањето на јазични вештини помеѓу децата чии семејства се богати и оние чиишто примања се помали, а едукаторите се осврнаа на прашањето на кој начин би можеле да допрат до овие родители и да им дадат совет да надминат некои проблеми.
Евтина и ефикасна метода би можела да биде мобилната технологија. Американското државно биро за економско истражување наведува дека децата во градинка, чии родители примиле SMS пораки со кратки совети за тоа како да им читаат на децата или да им помагаат да ги изговорат буквите и зборовите, постигнале подобри резултати од оние чии родители не примале пораки со ваква содржина.
Тод Роџерс, професор на Харвард универзитетот наведува дека позитивно е тоа што пораките им пристигнуваат на родителите навреме, па им се дава шанса на време да направат работи кои знаат дека треба да ги направат или кои веќе планирале да ги направат.
Авторот и авторката на истражувањето следеле 440 семејства чиишто деца оделе во градинката, а целта им била родители со пониски примања. Пораките кои им пристигнувале на половина од семејствата во текот на осумте месеци три пати неделно биле отприлика со следната содржина: „Дајте му на детето книга. Прашајте го за каква книга станува збор. Додека им читате, со прстот следете го секој збор“. Втората половина на семејства добивала пораки со информации за активностите во градинката или вакцинацијата.
Резултатите покажале дека децата на родителите кои добивале пораки на јазичните тестови биле два или три месеци пред децата чии родители не добивале вакви пораки.
80% од родителите имале пакет со неограничени број на пораки, такашто цената на програмата по дете чинела помалку од 1 долар. СПоредувајќи ги овие цени со цените на програмите за домашна посета, чинат повеќе од 10.000 долари по дете и кои им одземаат доста време на семејствата, истражувањето заклучува дека овој пристап е доста поефективен.