X
 26.04.2018 Образование

„Не е важно колку знаете, туку што правите со тоа што го знаете“

Ова се неколку пораки што можат да го подобрат односот меѓу наставниците и учениците и да им помогнат да изградат трајна врска со учениците.

1. Не е важно колку знаете, туку што правите со тоа што го знаете.


Можеби тоа е малку потешко да го разберете, но кога ќе успеете, може да промени многу работи.

2. Се грижам за вас.


А оваа училница е место што сум го создал/а за вас.

3. Зборот „паметен“ не значи ништо.

Затоа ниту вие ниту јас нема да го употребуваме.

4. Вие припаѓате тука.

Вие навистина припаѓате тука - токму тука, токму сега, со мене. Верувам дека сте способни за големи работи, а јас сум тука да ви помогнам.

5. Минатото е минато, ние живееме во сегашноста.


Минатите неуспеси или грешки се зад вас. Ако минатото е навистина важно денес, тогаш да го искористиме. Ако не е, да продолжиме понатаму и да не се вртиме назад.

6. Вие сте повеќе од резултатот на тестот или оценките.


Всушност, вие воопшто не сте тоа што тие ве прикажуваат.

7. Вам треба повеќе да ви е грижа отколку мене.


Ако вие навистина се грижите за квалитетот на она што го кажувате или правите во животот, тогаш работите стануваат полесни.

8. Вашата единствена конкуренција сте вие самите.


Вие сте на сопствено патување. Немојте да се споредувате со никој.

9. Учењето треба да ви овозможува добро чувство.

Ако не е така, кажете ми.

10. Грешките ни помагаат да растеме.


Не постои ништо лошо во неуспехот. Ризикувајте и правете грешки. Оваа училница е за вежбање. Учењето е вежба.

11. И јас сум само човек


Јас предавам, но сум сличен со вас многу повеќе отколку што мислите. Понекогаш ќе погрешам, а понекогаш ќе ми биде потребна вашата помош.

12. Јас сум вашиот наставник за цел живот

Ако подоцна во животот ви треба нешто, побарајте ме.

13. Вие сте важни


Мене и на сите други во вашиот живот. Ве гледаат и ве слушаат без оглед на тоа дали сфаќате или не, а сето она што го правите влијае врз луѓето околу вас.

14. Вие сте способни за што
било

Верувајте во ова и ќе успеете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование