X
 02.05.2017 Култура

Оливер Стоун снима филм за Путин


Владимир Путин мавнува со раката
(Фото: Getty images)

Холивудскиот режисер, Оливер Стоун, снима филм за рускиот претседател Владимир Путин со што, верува тој, ќе им ги отвори очите на Американците за поинакво гледиште на нештата. Филмот „отвора ново гледање за кое ние, Американците, не сме чуле досега“, изјавил Стоун во интервју за весникот „Сиднеј морнинг хералд“.

Познатиот режисер, Оливер Стоун, навел дека во филмот ќе биде прикажан односот на Путин кон светските настани откако првпат беше избран за руски претседател во 2000 година.

„Господинот Путин е еден од најважните светски лидери и со оглед на тоа што САД го прогласија за непријател, т.е. за голем непријател, мислам дека е многу важно да чуеме што има тој да каже“, рекол Стоун, а пренесува агенцијата „Тас“.

Тој дадал дека со Путин се состанал неколку пати и дека разговарале за Едвард Сноуден и дека тоа ќе биде опфатено во филмот.

Минатата година, Стоун сними документарец „Украина во пламен“ што го обработува случувањето од 2014 година. Тогаш објави интервјуа со Путин и со поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович.

Стоун е добитник на три оскари, а наградуван е и на фестивалите во Берлин и во Венеција.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура