X
 25.02.2016 Живот

Што прво треба да направите откако ќе се разбудите?

Утрата се тешки, но психологот од Харвард Ејми Кади вели дека можете да ги направите подобри ако станете свесни за едно ваше однесување - пред да станете од кревет, обидете се да го истегнете вашето тело колку што можете повеќе.

 

utro


Кади е авторка на книгата „Presence: Bringing Your Boldest Self to Your Biggest Challenges“, книга за суптилните, и моќни начини на кои нашата положба може да влијае врз нашите мисли и емоции.

Нејзиниот ТЕД говор за енергијата на нашата положба - и како стоењето како Wonder Woman може кај нас да создаде самодоверба - е второто најгледано ТЕД видео на сите времиња.

Идејата позади нејзиното истражување е прилично радикална. Обично, ние сметаме дека нашето однесување ги следи нашите емоции, како на пример кога стоиме цврсто и гордо бидејќи се чувствуваме самоуверено. Истражувањата на Кади покажуваат дека спротивното е исто така точно. Ние можеме да бидеме уште посамоуверени со еноставно силна поза/положба - или со протегање во утринските часови.

„Очигледно е дека е двонасочно. Со други зборови, акцијата може да предизвика добро чувство. Луѓето кои се будат вака се доста среќни“, вели таа.

Исто така, самите си правите лоша услуга ако се разбудите завиткани како мачка.

„Постојат прелиминарни докази кои покажуваат дека ако спиете како ембрионална топка ќе бидете повеќе под стрес“, вели таа.

Околу 40% од луѓето спијат во ваква положба. И тоа може да ги прави помалку сигурни и самоуверени во себе во текот на денот. Доволно е да ги помножите тие индивидуални утра низ неделите, месеците, годините и одеднаш едно досадно утро се претвора во непотребна беда.

Според истражувањето на Кади, избегнувањето на суровата реалност може да биде исто толку лесно колку и започнувањето на денот на десна нога. Дури и ако треба да се „преправате“ на почетокот, големи се шансите да се навикнете на оваа рутина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот