X
 24.04.2022 Здравје

Положбата во која спиеме влијае врз целокупното здравје, а само една е правилна

Одредени позиции за спиење може да го отежнат дишењето, да го напрегнат грбот, вратот или рамената. Експертот за спиење и киропрактичар д-р Ентони Вуковиќ откри како држењето на телото при спиеме влијае врз нашето здравје.

Спиење на стомак


- Кога спиете на стомак, целата компресија е во долниот дел на грбот. Луѓето обично сакаат да ја креваат едната нога и да спијат со кренати раце. Тоа ќе предизвика ротација во долните пршлени на 'рбетот, како и во лумбалниот предел, на што вашето тело ќе се приспособи и ќе свитка дел од грбот - објаснува докторот додавајќи дека спиењето во таа положба може да доведе до искривување на 'рбетот.

Не само што вратот е секогаш свртен и 'рбетот е искривен, туку и зглобовите на колената можат да бидат под притисок бидејќи се насочени надолу. Може да се обидете да го намалите притисокот на долниот дел на грбот со ставање перница под стомакот.

Спиење настрана

Оние што спијат настрана можеби се запознаени со вкочанетост и болка во рамото. Д-р Вуковиќ вели дека никогаш не треба да се потпирате на страната на рамото. Во спротивно, можете да направите компресија на брахијалниот плексус - мрежа од нерви во рамото што се поврзуваат со раката и тупаниците - што може да доведе до вкочанетост.

spienje
Фото: Freepik

Тој вели дека носот, брадата и градната коска треба да бидат исправени кога спиете настрана, бидејќи на тој начин 'рбетот е неутрален. Поставувањето перница помеѓу колената го намалува притисокот врз зглобовите. Се препорачува оние што сакаат да спијат во фетална положба да се трудат повеќе да ги издолжуваат нозете.

Спиење на грб


Ако спиете на грб, треба да знаете дека ова се смета за оптимална положба бидејќи тежината е рамномерно распределена. Но, сè уште има некои области во кои би можеле да се подобрите.

Д-р Вуковиќ советува да ставите перница под коленото за да се намали притисокот на долниот дел на грбот. Тој додава дека вашите раце никогаш не треба да ви одат преку главата.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје