X
 29.12.2016 Култура

Најпродаваните книги во 2016 година

Комедијантот Дејвид Вилијамс се појавува со неговите нови приказни за деца, како и ветеранот новелист Џ.К. Ролинг.


Ова се 20 најпродавани книги во 2016 :

1 „Lean in 15: 15 Minute Meals and Workouts to Keep you Lean and Healthy“ Џои Викс

Најпродаваната книга на годината ве учи да останете здрави со 15 минутни оброци и вежби

2.  „Harry Potter and The Cursed Child“, Џ.К. Ролинг


На второто место е Џ.К. Ролинг со нејзината нова претстава за Хари Потер како возрасна личност

3. „Lean in 15: 15 Minute Meals With Workouts to Build a Strong, lean body“, Џои Викс

Овој пат книгата на Викс е за креирање на силно и здраво тело.

4. „The Midnight Gang“, Дејвид Вилијамс

Книгата за деца на Вилијамс и неговата приказна за магија.

5. „The Girl on the Train“, Пола Хокинс

Неодамна реализирана во филм со Емили Блант, девојката на возот продолжува да ги интригира читачите низ светот.

6. „The 8-Week Blood Sugar Diet“, Мајкл Мосли


Книгата на Мосли тврди дека можно е да се победи дијабетесот без лекови.

7. „Me Before You“, Џоџо Мојес

Уште една книга која неодамна беше адаптирана во филм, романтичната новела сигурно ќе расплаче многу очи.

8. „Five On Brexit Island“, Бруно Винсент

Измислени работи за Брегзит

9. „Hello, Is This Planet Earth?“, Тим Пик


Астронаутот објави книга полна со фантастични фотографии кој ги сликал додека бил на Интернационалната вселенска станица.

10. „Guinness World Records 2017“

Книгата на рекорди во светот продолжува да биде меѓу најпродаваните.

11. „The World’s Worst Children“, Дејвид Вилијамс


Уште една книга на фантазии за деца од Вилијамс.

12. „Lean in 15: The Sustain Plan: 15 Minute Meals and Workouts to Get You Lean for Life“, Џои Викс

Планот на Викс за продолжување со план за оброци и вежби за здрав живот кои се достапни за секого.

13. „Mary Berry: Foolproof Cooking“, Мери Бети

Директно од „The Great British Bake Off“ , книгата на Мери Бери е една од најдобрите 20 оваа година.

14. „Diary of a Wimpy Kid: Double Down“, Џеф Кини

Голема забава за децата, исто како и во неговите претходни книги.

15. „After You“, Џоџо Мојес

Вториот дел од книгата „Me Before You“ , продолжува со настаните после првата книга.

16. „The GCHQ Puzzle Book“, GCHQ

Британската влада за тајни комуникации објави книга која е полна со интересни умствени загонетки.

17. „Fantastic Beasts and Where to Find Them“, Џ.К. Ролинг

Книгата исто е направена во филм со Еди Редмајн, каде што ги следи авантурите на волшебникот Њутон Скамандер.

18. „Deliciously Ella, Every Day“, Ела Милс

Книга за готвење од Ела Милс.

19. „Born To Run“, Брус Спрингстин


Мемоарите на Брус Спрингстин се отценети како чесни и неверојатни.

20. „Jamie Oliver’s Christmas Cookbook“, Џејми Оливер


Уште една книга на Оливер полна со Божични рецепти за готвење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура