Ако мислите дека учењето историја и масовните медиуми се нешто што не си одговараат, тогаш дефинитивно грешите.
Имено, учениците од прва година во Првата гимназија во Крагуевац добиле задача да направат семинарска работа за омилената историска личност. Гледајќи дека голем дел од учениците доста време поминуваат на социјалните мрежи, професорот предложил семинарската да ја направат во електронска форма, а потоа ги охрабрил со идејата дека ако нивниот труд има повеќе од 25.000 прегледи, ќе имаат петка до крајот на годината.
На овој начин учениците можеле да поминат време на компјутер и истовремено да учат историја - и она што е најважно, знаењето да го споделуваат со пријателите преку масовните медиуми. Вака изгледа семинарската на учениците Мајда Кочиќ и Зоран Јениќ, кои направиле неверојатно видео за Александар Македонски.