X
 03.03.2016 Култура

Зошто Голден Гејт е портокалов?

Замислете го ова: Годината е 1933 и започнува изградбата на најдолгиот и највисок мост кој треба да се гради над морскиот теснец Голден Гејт, што претставува влез во заливот Сан Франциско.


Работниците веќе работат, но една работа недостасува - бојата. „Овој мост нема да биде сив“, напишана од Дејв Егерс е приказната за бојата на мостот Голден Гејт.

Од книгата дознаваме дека властите сметале дека ќе се одлучат за бојата за време на изградбата. Меѓутоа, бојата е добиена од слојот боја кој бил нанесен на челикот за да се спречи од корозија за време на неговото пренесување од истокот на западот.


Едно утро, Ирвинг Мороу, еден од архитектите кои работеле на мостот, ја видел изградбата на мостот на влезот на Сан Франциско од челикот кој сè уште бил обоен со бојата и посакал тој да остане во таа боја.

Следувала дебата, но конечно, Мороу победил и мостот бил обоен во боја наречена меѓународна портокалова.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура