На тригодишнината откако Парк Геун Хје се наоѓа на претседателската положба во Јужна Кореја, демонстрансти се собрале во главниот град за да го осудат рушењето на слободата на говор од страна на власта. Овие демонстранти биле малку поразлични од сите останати кои биле видени во Сеул или низ светот. Тоа биле холограми.
Холограмите со реална големина марширале низ проѕирниот екран пред историскиот центар на Сеул.
- Ветете ни демократија! Ветете ни слобода на говор! - се слушало од холограмите 30 минути.
Холограмскиот протест бил организиран од „Amnesty international“ во Јужна Кореја, веднаш по првиот холограмски протест одржан во Шпанија изминатиот април. Владата во Јужна Кореја се обидела да ги забрани протестите во повеќе наврати, како и да забрани некои видови говор.
Активистите кои учествувале во протестот велат дека слободата на говор започнала да се губи откако претседателката застанала на чело со државата.
Првичното барање за одржување вистински протест на „Amnesty international“ било одбиено бидејќи тоа „би направило хаос во сообраќајот“. Поради тоа, организацијата спровела виртуелен собир, снимајќи 120 волонтери на екран и охрабрувајќи ги граѓаните да ги прикачат воите гласови на интернет-страницата на организацијата.